Градоначалникот на Рим Роберто Гвалтиери му ја врачи денес на холивудскиот актер Роберт де Ниро најголемата римска граѓанска награда, „Капитолската волчица“ наведувајќи дека со тоа му се оддава почит на неверојатниот уметник.
„Рим му оддава почит на извонреден уметник, способен да ги надмине жанровите и епохите, со сестраност која постави референтни вредности во современата кинематографија. Роберт де Ниро е референтна точка, апсолутен протагонист кој помогна во испишувањето историја на големото платно, маѓепсувајќи ја публиката со незаборавни актерски изведби“, рече Гвалтиери на церемонијата на врачувањето на наградата во римскиот Капитол, пренесувс АНСА.
Градоначалникот рече и дека доделувањето на наградата „Капитолската волчица“ значи благодарност за она што го претставува Де Ниро, како и за „длабоката врска што го спојува со Рим, престолнината на филмот и изворот на испирација за уметниците од сите генерации, кои секогаш ќе го пречкааат како втор дом“.
Де Ниро (82), американски актер, на церемонијата на доделувањето на наградата истана дека неговото семејство има италијански корени.
„Му се заблагодарувам на градоначалникот и на градот Рим за оваа неверојатна чест. Рим е повеќе од град, тоа е живо уметничко дело. Секоја улица, секој камен, секој оброк раскажуваат приказна. Да се биде познат овде, на местото кое има дадено толку многу за светската култура, за филмот и за убавината, навистина е трогателно. Моето семесјтво има корени во Италија, така што ова признание има и лично значење за мене“, рече Де Ниро.
Тој додаде дкеа „отсекогаш чувствувал врска“ со Италија „со нејзиниот народ, со нејзината страст и почитта кон занаетот и креативноста“.
„Ја примам оваа чест со огромна благодарност – не само за себе, туку и за сите оние кои духот на Рим и она што тој го претставува се уште ги допира“, заклули Де Ниро.












