Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.
„На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија при што се разгледуваа можностите за воведување на авио линија Скопје –Мадрид со три летови неделно, по веќе воспоставената Скопје – Барселона. Тоа би значело поголем број на шпански гости на охридската ривиера“, изјави Пецаков.
„Со Амбасадорот разговаравме и за тоа што шпанската Влада има предвидено Грант од милион евра кој што се овозможува реконструкција на прочистителниот систем на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО. Стана збор и за физибилити студијата за прочистителни станици наменети за нашето езеро, а изработена од етаблирана шпанска компанија“, вели градоначалникот.