Полицијата му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски за злоупотреба на службата бидејќи во општината вработил пензионер и со тоа ја оштетил општинската каса исплајќајќи му плата во износ од 8200 евра.
„Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување согласно Законот за административни службеници, стои во пријавата на полицијата која ја доставиле до ОЈО.
Ова е четврта кривична против градоначалник на поднесена во изминатите неколку месеци. Неодамна градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски заработи кривична пријава во која пишуваше дека дозволил доизградба на објект без важечко одобрение и со тоа ја злоупотребил службената положба.
Минатиот месец полицијата го пријави актуечниот градоначалник од редовите на ДУИ Фатмир Дехари за „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со отпад “бидејќи дозволил формирање на дива депонија на повеќе илјад квадратни километри.
Со кривична пријава полицијата го „закити“ и градоначалникот на Росоман Стојан Николов бидејќи давач лажни одобренија за градба и реконструкција на улици.