среда, февруари 11, 2026
Дома СКОПСКА Градоначалникот ги покани скопјани заедно да ја дочекаат Нова Година на плоштадот...

Градоначалникот ги покани скопјани заедно да ја дочекаат Нова Година на плоштадот во Шуто Оризари

4874

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ги повика сите граѓани на Скопје на 31 декември да им бидат гости на плоштадот во општина Шуто Оризари, каде што ќе можат ја доживеат новогодишната атмосфера во полн ек.

-Покрај недостатокот на елементарна способност за обезбедување на основни јавни услуги, скопската градоначалничка Данела Арсовска има недостаток на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за нивогодишните празници, оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма – напиша на фејсбук Дудуш.

Тој најави богата програма за сите генерации и во текот на денот и вечерта на 31 декември. Програмата почнува во 12:00 часот со програма за најмалите, а потоа забавата продолжува се до утринските часови со богатата Ромска музика и песна.

 

ИЗДВОЕНИ