сабота, јануари 17, 2026
Дома LIFE Градинката „Пролет“ во март ќе ги прими првите дечиња

Градинката „Пролет“ во март ќе ги прими првите дечиња

784

Во месец март, годинава дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во новата градинка „Пролет“.

Оваа градинка како што истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е изгрдена по највисоки светски стандаради.

Новата градинка „Пролет“ е прва во истоимената населба и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна и во неа ќе може да бидат згрижени 173 деца, сместени во девет занимални.

-Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености – потенцира Герасимовски.

 

ИЗДВОЕНИ