сабота, февруари 14, 2026
Дома СКОПСКА Градинката „Пчелка“ ќе добие нов објект

Градинката „Пчелка“ ќе добие нов објект

400

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка на територијата на општина Аеродром.

-Со овој проект, не уриваме само ѕидови, туку завршуваме едно поглавје полно со спомени и отвораме ново, посветено на иднината на нашите најмали. Во градинката ќе растат уште многу генерации, но во нов, модерен, безбеден и топол објект што ќе згрижува 265 дечиња, далеку повеќе од сегашниот капацитет – соопштија од Општина Аеродром.

Објектот е на површина од 2.600 квадратни метри, со многу нови занимални како и современи услови и безбедна околина.

Од Општина Аеродром информираат дека по завршување на тендерската постапка, објектот ќе се гради во три фази, внимателно и со љубов, затоа што не градиме само градинка, градиме спомени, детство и сигурна иднина за секое дете.

ИЗДВОЕНИ