Овие свои активности Андреј Рајатоски, кој има 25 години, ги објавува на сите социјални мрежи: „Инстаграм“, „Фејсбук“, „Тик-ток“, „Јутјуб“, под псевдонимот  gradinarot.mk. Toj раскажува за весникот ВЕЧЕР дека почнал со оваа своја мисија пред две-три недели, на крајот од септември, инспириран од неколкумина креатори на слична содржина, но и од, како што вели, незавидната запуштена состојба во која се наоѓа градот. Ги уредува претежно местата каде што најчесто се движи. Како што најави, наредните видеа ќе бидат од уредувањето на пофреквентни места на кои им е потребна таква акција, а низ кои поминуваат многу луѓе. Неговиот план за во иднина е да работи на уредување приватни имоти. – Пред сè, сакам да им помогнам на луѓето што не може да си дозволат да ги уредат своите  дворови, но потоа тоа да прерасне во моја професија – најавува Рајатоски

Скопјанецот Андреј Рајатоски стана хит со своите видеа на социјалните мрежи, од кои може да се види дека претвора запуштени јавни површини во убави катчиња за одмор.

Неговите магични раце ги средуваат пешачките патеки обраснати со трева, а на зелените грмушести растенија им даваат преубави форми. Со неговите потези, патеките стануваат пошироки, а клупите над кои има зеленило –функционални.

Овие свои активности ги објавува на сите социјални мрежи: „Инстаграм“, „Фејсбук“, „Тик-ток“, „Јутјуб“, под псевдонимот  gradinarot.mk.

Toj раскажува за весникот ВЕЧЕР дека почнал со оваа своја мисија пред две-три недели, на крајот од септември, инспириран од неколкумина креатори на слична содржина, но и од, како што вели, незавидната запуштена состојба во која се наоѓа градот.

Овој млад скопјанец, како што нагласи, ги уредува претежно местата  каде што најчесто се движи. Како што најави, наредните видеа ќе бидат од уредувањето на пофреквентни места на кои им е потребна таква акција, а низ кои поминуваат многу луѓе.    

– Верувам дека мојот пример ќе влијае на свеста на луѓето дека треба да живееме во чиста животна средина – истакна Рајатоски.

Тој работи сам, а почнува напладне.

Ова момче, кое има 25 години, е невработено и нагласува дека ќе го работи ова сè додека има неуредени површини во населбата во која живее.

Неговиот план за во иднина е да работи на уредување приватни имоти.

– Пред сè, сакам да им помогнам на луѓето што не може да си дозволат да ги уредат своите дворови, но потоа тоа да прерасне во моја професија – најавува Рајатоски.

Во време кога се заборавени јавните површини од надлежните институции и поради тоа се неуредени, овој млад ентузијаст е пример дека секој од нас може да придонесе за некаква промена.

Со сопствен алат, ракавици и вреќи, тој покажува дека и поединецот може да влијае на подобрувањето на нештата.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ