Градинар натепан од две жени, не им се допаднало како им го средил дворот

69

Шеесет и петгодишник од скопско Трубарево пријавил дека бил физички нападнат од две женски лица, во чиј двор претходно извршувал работни задачи.

„На 16.11.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2025 околу 13:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, Р.З.(65) од с.Трубарево, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од две женски лица, во чиј двор претходно извршувал работни задачи“, се наведува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ