„Градиме подобри патишта за побезбедна иднина“ – Почна третиот македонски конгрес за патишта/ФОТО

50
Фото: П. Стојановски

Под мотото „Градиме подобри патишта за побезбедна иднина“ во Скопје денеска почна дводневниот македонски конгрес за патишта на кој научници, експерти и професори од светот кои ќе дебатираат на различни теми поврзани со планирањето, изградбата и безбедноста на патната инфраструктура, како и на презентација на сите новини што се светски тренд во моментов.

Организатор на овој важен настан, трета година по ред е Друштвото за патишта на Република Македонија, а весникот ВЕЧЕР е медија партнер.

За учество се најавени околу 450 регистрирани учесници од повеќе од 25 земји како од Европа, така и од САД, Кина, Либија и од Турција, што според организаторите, претставува можност за размена на позитивни искуства и знаења.

На конгресот ќе бидат опфатени повеќе теми што се однесуваат на планирањето и на проектирањето патишта, потоа на управувањето, изградбата и одржувањето на патната инфраструктура, а ќе се проговори и за безбедноста во сообраќајот, за заштитата на животната средина и за одржливиот развој.

Се очекува од некои од учесниците да се слушне за примената на новите технологии во сообраќајот, како и за примената на вештачката интелигенција во патната инфраструктура. Ќе бидат презентирани нови проекти, а ќе стане збор и за другите видови транспорт (железница, воздушен, воден и Интернет), статусот, проектите и за развојните перспективи. Ќе биде ставен акцент на имплементацијата на светските искуства и добри практики во македонската инфраструктурна реалност, со цел модернизација, поголема безбедност и ефикасност на транспортниот систем. Пријавени се над 100 научни труда, што претставува најголем интерес досега во историјата на конгресот.

 

 

ИЗДВОЕНИ