среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Градежни активности во населбата Превалец

Градежни активности во населбата Превалец

35

Општина Велес започна со изведување градежни активности за  реконструкција на дел од регионалниот пат кој минува низ приградската велешка населба Превалец, од рампата на железничката пруга, до излезот од населбата, кај „Макпетрол“.

Општина Велес дел од работите од првата фаза која е во тек ги изведува со средства од општинскиот буџет, а во втората фаза ќе ги изведува со финансиска поддршка со Јавното претпријатие за државни патишта и ЈП „Македонија пат“ како изведувач на работите.

Како што информираат од Општина Велес, во првата фаза која е во тек се поставуваат рабници на дел регионалниот пат кој минува низ населбата Превалец, од рампата на железничката пруга до излезот од населбата кај „Макпетрол“, а во должина од 400 метри, по што ќе следи поплочување на дел од тротоарот.

По завршување на овој дел од градежните зафати на истиот потег, Општина Велес, во соработка со ЈП за државни патишта како финансиер и ЈП „Македонија пат“ како изведувач во втората фаза –  следната недела ќе се изврши гребење на стариот асфалтен слој и поставување на нов асфалт.

ИЗДВОЕНИ