Од Општина Кичево известија дека поплавите кои се случија на овој потег се директна последица на неодговорно одлагање шут и градежен материјал во речното корито на Зајаска Река и во неговата непосредна близина, со што се попречува нормалниот проток на водата.
Општинските власти ги замолуваат граѓаните за разбирање и солидарност и додаваат дека сè додека овој потег не се исчисти целосно, постои реална опасност од повторни поплави при нови врнежи.
Воедно, апелираат на разум и повторуваат дека никаков опасен материјал, ниту комунален отпад, не се одлага во копот на рудникот „Осломеј“.
– Се отстранува и се транспортира исклучиво материјалот што се вади покрај самото речно корито (наноси, шут и градежен материјал), со цел превенција и заштита на населението – нагласуваат од локалната самоуправа.












