Градот Крижевци во Хрватска воведе мерка за стимулација на почетокот на новата година, позната како „Услугата баба-дедо“, која им овозможува да заработуваат 250 евра месечно за грижа за внуци од предучилишна возраст, објавија градските власти, пренесе „Бета“.
„Со оваа мерка, градот Крижевци ќе обезбеди надомест во износ од 250 евра за бабите и дедовците кои се грижат за внуци од предучилишна возраст поради недостаток на места во градинките во Крижевци“, се вели во соопштението објавено на градскиот портал.
Одлуката стапи на сила на почетокот на оваа година.
Слична мерка неодамна воведе градот Самобор, каде што надоместокот е 360 евра, исто колку и субвенцијата за сместување на деца во приватни градинки. Условот е родителите да се вработени или да имаат статус на студент и да имаат место на живеење во градот што го обезбедува стимулот.
Доколку детето е запишано во градинка, правото на финансиска компензација се губи.
Целта на мерките е да им се помогне на родителите кои не успеале да најдат места во градинките, но и да им се помогне на бабите и дедовците да остварат дополнителен приход.












