недела, јануари 18, 2026
Дома СКОПСКА Град Скопје надоместува дел од трошоците за чистење оџаци

Град Скопје надоместува дел од трошоците за чистење оџаци

108

Град Скопје ќе субвенционира дел од трошоците на граѓаните за чистење на оџаците за 2025 година. За таа цел е објавен јавен повик според кој Град Скопје, за чистење оџаци, ќе надомести најмногу до 1.500 денари за домаќинство.

Данокот на личен доход е на товар на Град Скопје.

На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата на граѓаните за чистење оџаци може да учествуваат граѓани чие живеалиште е на подрачјето на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај).

Јавниот повик ќе трае од денот на неговото објавување до исцрпување на предвидените средства или до завршување на јавниот повик, не подоцна од 31.10.2025 година.

-Пристигнатите барања во архивата на Град Скопје ќе бидат евидентирани со точното време на поднесување (датум, час и минута). Тие ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето и ќе важи правилото „прв дојден –прв услужен“.

ИЗДВОЕНИ