Град Скопје ќе го крои буџетот за 2026 година заедно со граѓаните – отворен повик за идеи и предлози до скопјани

20

Град Скопје оваа година го започнува процесот на креирање на буџетот со максимална транспарентност, отчетност и вклученост на јавноста. Со јасна определба да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, буџетот за 2026 година ќе биде изработен преку отворен и партнерски пристап, во кој секој жител, организација или заедница ќе може да даде конструктивен придонес, соопштуваат од Градот Скопје.

Годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас, жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје. Вашите потреби, ставови и идеи ќе бидат основата врз која ќе го градиме овој важен документ. Работејќи во постојана комуникација со граѓаните, веќе собравме голем број конструктивни предлози. Но процесот е отворен и затоа ве повикувам сите партнерски да се вклучите во создавањето на буџетот кој ќе го забрза повторното заживување на нашиот град – вели Ѓорѓиевски.

Додава дека во новиот буџет ќе бидат опфатени и приоритетните капитални проекти во делот на инфраструктурните зафати, културата, спортските содржини, животната средина – подобрувања кои ќе го олеснат секојдневието на скопјани и ќе донесат поголем квалитет на живот.

– Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Верувам дека токму со ова отворено партнерство ќе создадеме стабилна основа за долгорочен развој и силно, достоинствено Скопје – вели Ѓорѓиевски.

Идеите и предлозите може да ги поднесете на: [email protected]

ИЗДВОЕНИ