Град Скопје, односно јавното претпријатие „Улици и патишта“, ќе ги урива бесправно изградените објекти на територијата на општина Карпош. Ова е на иницијатива на Општина Карпош, која ја поднела до Град Скопје.
На утрешната седница на Советот на Град Скопје, советниците треба дадат зелено светло на предлог-одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Карпош за вршење надлежности од областа на инспекцијата.
Општина Карпош ќе учествува со вршење на стручно-административните работи од областа на инспекцијата, во делот на актите за отстранување на бесправно изградените објекти на нејзината територија, додека Град Скопје ќе учествува со сопствени средства во отстранувањето на бесправно изградените објекти.
(А. П.)












