Град Скопје доделува субвенции за инвертер клими

1

Скопјани, по две години пауза, ќе добијат субвенции за инвертер клими. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги потпиша решенијата за нивна исплата, согласно со јавниот повик на кој аплицираа жителите на Град Скопје.

Градот Скопје ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари од домаќинство, во нето-износ и целосно ќе го покрие данокот на личен доход.

– Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високоефикасни инвертер клима-уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Со инвестирањето во клима- уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и со пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат за заштита на воздухот и за создавање поеколошко и одржливо Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во периодот што следува, Град Скопје ќе продолжи со нови јавни повици за субвенции, со цел да им се олесни секојдневието на граѓаните и да се направи градот подобро место за живеење.

 

ИЗДВОЕНИ