
Началникот на државата Нигер Адаму Абдулахи Елемен и бискупот Булус Даува Јонаха, кој е задолжен за училиштетото како локален водач на католичката заедница, изјавија за „Би-би-си“ дека добиле потврда за ослободување на учениците.
Тие потврдија дека владината Канцеларија на советници за национална безбедност информираа дека децата од денес повторно ќе бидат со родителите.
Повеќе од 250 ученици и 12 вработени беа грагнати од католичкото училиште „Света Марија“ во Папири, што е последно во низата масовни грабнувања во Нигерија.
Деталите за ослободувањето на 100 ученици остануваат нејасни, вклучувајќи го прашањето дали е обезбедено со преговори или на сила, а не е познато ни дали на грабнувачите им е платен поткуп, пренесе „Танјуг“.
Гувернерот на соседната држава Насарава, Абдулаи Суле, изјави за локалните медиуми дека сојузната влада одиграла клучна улога во ослободувањето на учениците.
Училиштата и верските објекти во северна и централна Нигерија се се почесто на мета на грабнувачи.
Минатата недела, вооружени грабнувачи грабнаа најмалу 20 луѓѓе во два одвоени напади – во новоосновата црква во централната држава Коги и во претежно мулсиманската северна држава Сокото, каде што меѓу грабнатите беа и невеста и нејзините деверици.











