Дали поради намалувањето на температурите и дождот што заврна, како и помошта што ја добивме од Словенија и од Чешка, од ЦУК информираа дека денескао до пладне имало пет пожари на отворен простор, од кои бил активен еден, додека четири биле изгаснати. Сè уште не е изгаснат пожарот на планината Готен во делот кон Малешевските Планини, каде што горат нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор.
– Поради чадот и маглата предизвикана од дождот, територијата се надлетува со дронови и се бараат жаришта под чадот – објасни директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Со оглед на претстојниот празник Илинден, тој апелираше граѓаните да бидат многу внимателни кога ќе одат во своите викендички или куќи на село за да не дојде до појава на нови пожари
Главна ударна вест кај нас веќе подолго време се пожарите во Македонија. На пример, за едно деноноќие, од 27 до 28 јули Центарот за управување со кризи регистрирал вкупно 51 пожар, при што биле загрозени подрачја со густа шума и непристапен терен. Таму гаснењето бара дополнителни ресурси и човечки капацитети. Ангажирани се сите расположливи сили: пожарникари, припадници на Армијата, хеликоптери, авиони, теренски возила, доброволци – сите вложуваат натчовечки напори, а помош стигна и од странство.
Дали поради намалувањето на температурите и дождот што заврна, како и помошта што ја добивме од Словенија и од Чешка, од ЦУК информираа дека денеска до пладне имало пет пожари на отворен простор, од кои бил активен еден, додека четири биле изгаснати.
Сè уште не е изгаснат пожарот на планината Готен во делот кон Малешевските Планини, каде што горат нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека состојбата со пожарот на Готен од беровска страна е смирена.
– Поради чадот и маглата предизвикана од дождот, територијата се надлетува со дронови и се бараат жаришта под чадот – објасни Ангелов.
Тој информираше дека чешкиот „блек хок“ и седумчлениот екипаж, како и словенечката екипа, ќе останат уште седум дена заради спречување евентуално разгорување на пожарот.
– Дождот не е пороен и не може доволно да се натопат земјата и вегетацијата. Доколку нема пороен дожд, вегетацијата за неколку дена може да се исуши и повторно може да дојде до пожар – објасни Ангелов.
Инаку, од ЦУК информираа дека е изгаснат кракот од пожарот на Голем Готен во Општина Радовиш, над селото Подреш, потоа пожарот меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп) и Галиште и Трстеник (Општина Кавадарци). Потоа, изгаснат е и пожарот во Општина Прилеп – село Бешеиште, Бешеишки Рид, кракот кон селото Градешница (Новаци и кракот кон границата со Република Грција), како и оној во селото Јонузлија, Општина Карбинци.
Ангелов апелираше, со оглед на претстојниот празник Илинден, граѓаните да бидат многу внимателни кога ќе одат во своите викендички или куќи на село за да не дојде до појава на нови пожари.
НАСА има подготвено мапа со пожари на која се гледа дека има огромен број шумски пожари во Јужна Европа, во Турција, Грција, Бугарија, Албанија, Италија, Шпанија, Црна Гора итн., и тоа пропорционално во поголем обем отколку во Македонија. Има жртви, има уништени куќи, фабрики, манастири и илјадници хектари шуми. Температурата на воздухот надминува 40 Целзиусови степени во сите овие земји, а во Турција се измерени 50,5 степени. Но, не е во прашање само материјалната штета од пожарите. Високите температури во јуни и особено во јули се причина за влошување на здравјето на населението.
(А. П.)