Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С. (40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Според информациите од полицијата, на 26 септември 2025 година пријавениот позајмил патничко возило „Фолксваген Голф“ од својот братучед. Наместо да го врати автомобилот, тој без знаење и согласност на сопственикот го продал на лице од Скопје за 4.500 евра.
Со тоа, како што информираат надлежните, пријавениот противправно се стекнал со парични средства, а на сопственикот му причинил материјална штета. Против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава, а за случајот ќе одлучува надлежното обвинителство.












