вторник, февруари 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Гостиварец измамен: Мислел дека тргува со криптовалути на социјални мрежи

Гостиварец измамен: Мислел дека тргува со криптовалути на социјални мрежи

27

На 20.02.2026 година во 13:30 часот, во ОВР Гостивар, 65-годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен преку социјална мрежа за сума од 22.000 денари.

Според пријавата, тој се договорил за тргување со криптовалути преку социјална мрежа со профил Е.К., при што во банка уплатил околу 12.000 денари на име М.К. Потоа бил известен дека заработил поголема сума и за подигање на парите треба да уплати уште 10.000 денари, што го и направил. Кога добивал дополнителни барања за уплата, се посомневал дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот.

ИЗДВОЕНИ