вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Гостиварчанка се обидела да премине граница со возило барано од Интерпол

Гостиварчанка се обидела да премине граница со возило барано од Интерпол

74

Ноќеска во три часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.О.(37) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, било предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било одземено.

Таа била задржана во Полициската станица Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ