Господине претседателе, драг Доналд… Трамп откри што му пишал шефот на НАТО приватно!

222
EPA/FRANCIS CHUNG / POOL

Доналд Трамп објави на својот профил на социјалните мрежи Truth Social приватни текстуални пораки испратени до него од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по воздушните напади врз Иран.

Во долга порака полна со пофалби, Руте му честита на Трамп за неговата „одлучна акција“ и вели дека „постигнал нешто што ниту еден американски претседател не можел да го постигне со децении“.

„Господине претседателе, драг Доналд, честитки и ви благодарам за вашата решителна акција во Иран, тоа беше навистина извонредно, нешто што никој друг не се осмели да го направи. Тоа нè прави сите побезбедни.

Вечерва во Хаг ќе летате кон уште еден голем успех. Не беше лесно, но ги убедивме сите да го потпишат договорот од петте проценти.

Доналд, нè доведовте до навистина, навистина важен момент за Америка и Европа и за светот. Ќе постигнете нешто што НИЕДЕН американски претседател не можел да го постигне со децении. Европа ќе плати ГОЛЕМА цена, како што треба, и тоа ќе биде вашата победа. Среќно патување и се гледаме на вечерата на Неговото Височество! Марк Руте“, се вели во пораката.

ИЗДВОЕНИ