Голем шумски пожар од вчераутро изби на грчкиот остров Хиос во Егејското Море, а евакуирани се десетина места и Прифатниот центар за баратели на азил, во кој беа сместени стотина луѓе.
Жителите во областа на Агиос Макариос Вронтадос добија итна тревога преку системот 112, со која им беше наредено да се евакуираат и да се упатат кон плажата Вронтадос.
Според Противпожарната служба, ангажирани се повеќе од стотина пожарникари со околу 30 возила, два противпожарни авиони и десетина противпожарни хеликоптери.
Шумски пожар избувна и на островот Евија во близина на Атина. Еден хотел беше евакуиран како превентивна мерка, објави „Катимерини“.
Изминатиот викенд низ Грција избувнаа околу 50 шумски пожари, а поради горештините и ветерот од Противпожарната служба велат дека ризикот од шумски пожари овие денови е многу голем.