Пожар избувна денес во општината Пилеја-Хортијатис, во близина на Солун, при што е зафатена ниска вегетација, објавува „Катимерини“.
Со пожарот од земја се борат 42 пожарникари и екипи планинари, а помош даваат и локалните власти, додека пет авиони и два хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот од воздух.
Во поширокото подрачје има расфрлани станбени згради кои се загрозени од пожарот, а според противпожарната служба, тие во моментов не се во непосредна опасност.