Гори една од најголемите руски рафинерии/ВИДЕО

19
screenshot X

Пожар избувна во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. На социјалните мрежи се појавија снимки објавени од украински извори, на кои се тврди дека рафинеријата била погодена од напад со беспилотно летало.

Сепак, регионалниот гувернер Михаил Јевраев потврди дека избувнал пожар во Јарославската област, но ја исклучи можноста за непријателски напад како причина. Тој рече дека станува збор за „техничка неисправност“.

„Жителите беа загрижени дека ова може да биде напад со беспилотни летала, но она што се случи нема никаква врска со тоа… Пожарот е од технолошка природа“, рече Јевраев на својот Телеграм канал, објави Ројтерс.

Рафинеријата во Јарослав, позната како „Славнефт-ЈАНОС“, има капацитет за преработка од околу 15 милиони тони нафта годишно. Ова ја прави еден од најголемите рафинериски капацитети во Русија.

Украински извори тврдат дека била погодена единицата ВТ-6, која преработува мазут, со наводен годишен капацитет од над 6,2 милиони тони.

ИЗДВОЕНИ