Ѓорѓиевски: Вардариште ќе се претвори во „белите дробови“ на Скопје

13

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 објасни каков е планот за решавање на загадениот воздух и дивите депонии во Скопје.

„Долгорочен процес на решавање на овие проблеми односно не ад хок решение којшто од денес за утре можеби би постигнале ефект, но ќе биде прашање на време кога повторно ќе се претвори таа локација во дива депонија туку решение на долг рок кој што трајно ќе ја заштити таа позиција“, вели Ѓорѓиевски.

Според него, Вардариште ќе се претвори во „белите дробови“ на Град Скопје.

„Мега парк кој што ќе го градам јас на површина од 300 илјади квадрати, тоа не значи утре да почнеме да садиме трева на Вардариште, туку процес на деконтаминација на тој простор, темелно чистење… Потребно е да се има волја за конечно да се решат одредени проблеми. Нема да кажувам приказни по телевизии, нема да излезам за 4 години од сега и да кажам „да, Вардариште е сложена работа, ќе ми требаат 10, 15 години“. По влегувањето во Град Скопје, паралелно на процесот на чистење на градот, во првите 72 часа детектирани се и депониите од типот на Вардариште кои што ќе почнеме да ги деконтаминираме“, вели Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ