Ѓорѓиевски си поразговара со еснафите во Старата скопска чаршија: „Скопје заслужува достоинство“

59

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети старата скопска чаршија – срцето на градот, живата историја и културната ризница која со векови го обликува скопскиот дух.

Во друштво со еснафот и вредните занаетчии, кои генерациски го чуваат занаетот и традицијата, Ѓорѓиевски разговараше отворено за нивните предизвици и секојдневни проблеми. Занаетчиите споделија дека со години наназад реагирале писмено до институциите, но нивните гласови останале игнорирани.

Еден од најгорливите проблеми е раскопаната калдрма – оставена несанирана по интервенции на Водовод, таа денес е срамна глетка за посетителите, а притоа претставува и законски заштитено културно наследство. Токму таа калдрма е симболот на автентичноста на Чаршијата, а нејзината состојба зборува многу за односот на властите кон ова национално богатство.

Занаетчиите побараа на оваа средба побараа:целосна реконструкција на делови од чаршијата со почит кон традицијата, поставување подземни контејнери за почист и поуреден јавен простор, и посериозен и системски однос на градската власт.

Орце Ѓорѓиевски истакна дека овие барања се оправдани и дека за него ќе бидат приоритет.

„Чаршијата заслужува грижа, а Скопје заслужува да биде повторно достоинствен град – метропола со културен идентитет, привлечна за посетители, и топол дом за сите скопјани. Град кој зрачи со ред, автентичност и иднина. Заедно, ќе го направиме тоа можно,“ порача Ѓорѓиевски од старата чаршија.

ИЗДВОЕНИ