Ѓорѓиевски: Почна акцијата за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти/ВИДЕО

57

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини. Акцијата се спроведува без никакви отстапки, со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.

Во објавата на социјалните мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски стои:

– Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање!

Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки. Јавните површини им припаѓаат на граѓаните. Тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на ничиј личен интерес.

Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани. Акцијата продолжува со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје!

Ова е процес во кој сите сме партнери. Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.

Заедно градиме град каков што заслужуваме.

ИЗДВОЕНИ