Во моментов од работа од јавните претпријатија се отстранети вкупно 371 лице, кои што или не оделе на работа, или пак вршеле злоупотреба на своето работно место, а сето тоа го плаќале граѓаните. Активностите за откривање на злоупотреби во јавните градски претпријатија ќе продолжат и во наредните денови и за сето тоа ќе бидете дополнително информирани, изјави вечерва градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
„Активностите за откривање на злоупотреби во јавните градски претпријатија ќе продолжат и во наредните денови“, рече Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека вечерва до него дошла информација за други злоупотреби, како што истакна, поткрепена со документи.
„Изминатиот период биле ангажирани возила за чистење во „Комунална хигиена“ и тие возила се плаќани на име на физички лица на име на интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра, така што повикувам да се вклучат институциите надлежни за ова и да ја испитаат работата. Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизија и еве вечерва ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во „Комунална хигиена“, рече Ѓорѓиевски.












