Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ноќеска на неговиот Фејсбук профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот Македонија и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата.
„Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!“, напиша градоначалникот покрај фотографиите.












