Ѓорѓиевски на престојните локални избори фокусот ќе го стави на два најголеми проблеми со кои скопјани се соочуваат

20

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на две панел-дискусии во рамки на Саемот на отчет организиран од ВМРО-ДПМНЕ, каде што говореше за иднината на главниот град и локалниот развој.

,,На Скопје не му треба опис на проблемите кои секојдневно ги живееме, туку брзи и ефикасни решенија,“ истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека визијата за наредните четири години е создавање на отворен и транспарентен град, безбеден и инклузивен, со граѓанинот во центарот на сите политики.

Според него, денес на главниот град му недостига стратегија и долгорочен план, што најмногу се гледа во јавната хигиена и функционирањето на јавниот превоз.

,,Затоа, нашиот прв и најголем фокус ќе биде решавањето на овие горливи проблеми со кои скопјани живеат со години,“ порача кандидатот.

Тој додаде дека со силна мотивација, посветеност и поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски, Скопје повторно ќе стане горд град.

ИЗДВОЕНИ