Градоначалникот на СКопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода.
По завршувањето на правната постапка, веднаш се почнува со работа.
– Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот – вели Ѓорѓиевски.
Следат следните фази за изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, кои ќе овозможат побезбеден и побрз проток, со паметни и современи решенија согласно европските стандарди.
– Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за нашиот град.
Сообраќајницата ќе има шест ленти – четири за двонасочен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз и дополнителни пешачки патеки – додава Ѓорѓиевски.












