сабота, јануари 24, 2026
Дома СКОПСКА Ѓорѓиевски им ги отвори вратите на скопјани: Обврската кон граѓаните не завршува...

Ѓорѓиевски им ги отвори вратите на скопјани: Обврската кон граѓаните не завршува со работното време

41

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски уште еднаш ја потврди својата посветеност кон граѓаните, ставајќи ги нивните потреби и интереси на прво место.

И во сабота, вратите на Град Скопје беа отворени за сите кои сакаа лично да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози, во духот на отворена комуникација, достапност и одговорно локално раководење.

И сабота е работен ден кога станува збор за интересите на мојот народ

Денес се отворени вратите на Град Скопје за сите граѓани кои побараа прием, да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози.

Со дел од нив остваривме и телефонски разговори, затоа што секој глас е важен и секоја порака заслужува внимание.

Она што ме мотивира најмногу е добриот збор и поддршката што ја слушнав од граѓаните, кои искрено ми кажаа дека ретко кој градоначалник во минатото лично ги побарал, сослушал и примил.

Тоа е огромна чест, но и моја обврска!

Како што ветив – градот е отворен за сите.

Без бариери, без затворени врати, без игнорирање.

Секој проблем е забележан, секој предлог е запишан.

На проблемите ќе им погледнеме директно во очи и заедно, чекор по чекор, ќе ги решаваме.

Јас и Град Скопје остануваме достапни, присутни и на страна на граѓаните.

Средбите продолжуваат во текот на целиот ден, а доколку има потреба, ќе продолжиме и утре.

Скопје е наш град и обврската кон луѓето не завршува со работното време, пишува градоначалникот Ѓорѓиевски на социјалната мрежа ФБ.

ИЗДВОЕНИ