Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, актуелен градоначалник на општина Кисела Вода информира дека е постигнат договор со основачот на фестивалот „Егзит“, г-дин Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.
Со огромно задоволство ве информирам дека со основачот на „ЕГЗИТ“, г-дин Душан Ковачевиќ, разговаравме од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.
Убеден сум дека бренд како „ЕГЗИТ“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто, напиша тој во објава на ФБ.