Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, и официјално е нов член на Карловарско, водечката екипа во чешката Екстралига, со што ја продолжува својата богата интернационална кариера во едно од посилните европски одбојкарски првенства.
До промена на клупските бои се одлучи уште еден македонски репрезентативец, Александар Љафтов, кој по една полусезона помината во Кувајт, го засили унгарскиот одбојкарски клуб МАВ Елоре. Овој тим е еден од главните кандидати за шампионската титула во националното првенство.
Ова е секако од големо значење во пресрет на обврските со националниот тим пред настапот на Европското првенство што ќе се одржи годинава од 9 до 26 септември во Бугарија, Финска, Италија и Романија.











