Пожар синоќа избувнал во галијата на реката Вардар, што се наоѓа во близина на хотелот „Холидеј ин“ во центарот на главниот град, информираа од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Пожарникарите веднаш излегле на терен и со навремена рекација интервенирале во гаснењето на пожарот
Комантирот на Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски информираше дека пожарот се гаснел со едно возило и пет пожарникари.
Причините за избувнување на пожарот засега се непознати.
Инаку ова не е прв пожар во оваа галија. И пред две години избувна пожар во сега напуштената галија. Иако имаше најави за нејзино отстранување сепак таа остана на местото каде што е.