Ѓорче Петров, прва општина со сертификат за ефискасност на администрацијата

100

Општина Ѓорче Петров официјално стана првата општина во Република Македонија наградена со престижната ознака „CAF Effective User”, доделена од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

– Ова признание следува по успешно спроведената надворешна CAF-евалуација (PEF-процедура) од страна на сертифицирани оценувачи (EFACs) и темелна проверка од Регионалниот центар за управување со квалитет при ReSPA – нагласуваат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека со ова, Ѓорче Петров влегува во официјалната база на CAF-корисници на EUPAN, хостирана од EIPA.

– Стануваме пример за европски модел на квалитет и ефикасност во јавната администрација. Го зацврстуваме фокусот кон транспарентни, брзи и граѓански ориентирани услуги – нагласуваат од Општина Ѓорче Петров.

 

 

ИЗДВОЕНИ