Ѓорче Петров доби специјализиран камион за интервенции на терен

60

Специјализиран камион за интервенции на терен, поточно за отстранување отпад и за санација на критичните точки покрај реката Лепенец, е најновото возило со кое Општина  Ѓорче Петров ја засили својата механизација.

Со претставување на возилото, денеска, во присуство на министерот за локална самоуправа,  Златко Перински, беше заокружен прекуграничниот проект „Паметен систем за рано предупредување на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА II-програмата.

Дополнително, Општината доби и современа опрема и технолошки решенија за рана детекција и мониторинг.

– Инсталирани се две паметни камери со сензори, кои во реално време детектираат нелегално фрлање отпад, поставен е сензор за следење на водостојот, со можност за навремено предупредување, обезбедени се два дрона за аеронадзор и мониторинг на ризичните подрачја. Со ова значајно засилување, значително се зголемува капацитетот за интервенција на општинските служби, а жителите добиваат побезбедна и почиста околина – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

 

ИЗДВОЕНИ