Google повторно има проблеми со судот во Русија, а компанијата мора да плати голема казна.
Судот во Москва ја прогласи компанијата Google за виновна за кршење на руското законодавство и изрече казна од повеќе од 176 милиони евра.
„На Google LLC ѝ беа изречени административни казни во вкупен износ од 16.017.368.387,00 рубли“, објави судот, пренесува Интерфакс.
Google беше прогласен за виновен за избегнување на извршување на административна казна.
Руските судови постојано го казнуваа Google за тоа што не отстрани забранета содржина од услугите на компанијата, одбиваше да локализира лични податоци на корисниците од Русија, како и за други прекршоци.
Од крајот на 2021 година, двапати во Русија на компанијата ѝ беа изречени таканаречени сообраќајни казни во вкупен износ од повеќе од 29 милијарди рубли.
Дел од таа сума ја собра Федералната служба на извршители.












