Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ работи на затворање на големите фонтани на плоштадите „Македонија“ и „Филип 2“.
Оттаму објаснуваат дека моментално се испушта водата од нив и, како што велат, фонтаните од проектот „Скопје 2014“ нема да работат во зимскиот период. Процесот на затворање на фонтаните ќе заврши најдоцна до 01.11.2025 година.
– Фонтаните од проектот „Скопје 2014“ нема да бидат во функција до месец мај 2026 година и повторното пуштањето на фонтаните зависи од временските прилики пред сè од температурата – истакнаа од ЈП „Водовод и канализација“.
Што се однесува до подната фонтана, односно дали таа ќе биде поправена и кога ќе биде пуштена во функција, од ЈП „Водовод и канализација“ одговорија дека, како претпријатие, вршат само основно тековно одржување на фонтаните, а оти поголемите реконструктивни технички зафати се обврска на Град Скопје.












