Еден од најголемите борци во историјата на ММА, Џон Џонс (38), откри дека се бори со сериозна здравствена состојба што би можела ненадејно да ја заврши неговата славна кариера. Џонс, кој доминираше во две тежински категории, се соочува со противник кого можеби нема да може да го победи: времето и неговите последици, пишува „Гив ми спорт“.

  • Имам тежок артритис, а повеќето луѓе не го знаат тоа, рече Џонс. „Мојот лев колк е целосно зафатен од артритис. Всушност, веќе сум кандидат за операција за замена на колк. За време на последниот тренинг камп, си легнав со многу болки“.

Џонс се појави на сцената како тинејџерско чудо и брзо стана најмладиот шампион во историјата на УФЦ. Во текот на повеќе од една деценија, тој ги победи сите главни претенденти, од Даниел Кормие до Александар Густафсон, и доминираше во две тежински категории благодарение на неговата вештина и борбена интелигенција.

ИЗДВОЕНИ