Големиот пожар во складиштето за нафта во Сочи, избувнат по нападот со украински беспилотни летала, е изгаснат

222

Руските служби за итни случаи во Сочи го изгаснаа големиот пожар во складиштето за нафта во областа Адлер што избувна по нападот со украински беспилотни летала, изјави денес градоначалникот на Сочи, Андреј Прошунин.

Повеќе од 120 пожарникари беа вклучени во гаснењето на пожарот, кој привремено го затвори сообраќајот на аеродромот во Сочи, објави „АП“.

Украина синоќа ја таргетираше и рускиот Воронежски регион со дронови, а според руските власти, повредени се четири лица.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 93 украински дронови биле соборени во текот на ноќта.

ИЗДВОЕНИ