Утре времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемена облачност. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.













