Големи шумски пожари избувнаа во три департмани во Франција, а во нивното гаснење учествуваат стотици пожарникари, пренесуваат денеска француските медиуми.
Пожарот во департманот Еро, во кој изгореа над 400 хектари вегетација и шуми, е ставен под контрола, но на сила остануваат мерките на надзор, соопшти денеска противпожарната служба.
Официјален претставник на службата изјави дека на терен дејствуваат 200 пожарникари, и додаде дека тие ќе останат тука од претпазливост во текот на целиот ден, пренесе ТВ-станицата Бфм.