Големи пожари во Турција: Анталија се уништува дел по дел, огнената стихија се доближува до познатите одморалишта

75
Причината уште не е утврдена, а противпожарните екипи од Анталија се максимално ангажирани со поддршка на регионалните шумски единици и безбедносните сили.
Жителите на блиските локации се упатени во сигурносни зони поради претпазливост, додека властите велат дека пожарот со својот интензитет ја претворил ноќта во ден.

Најновите извештаи покажуваат дека синоќа околу 21 часот избувнал уште еден пожар во шумското подрачје Комкој во округот на Акса. Повеќе цистерни со вода и пожарникарски тимови се испратени на терен со задача да се локализираат огнените стихии. Пожарот загрози големи фарми и оранжерии за јагоди при што дел од туристите привремено ги напуштаат одморалиштата кои се најблиску до пожарите.

Локалните власти уште во петокот најавија евакуација на 150 домаќинства во областа Аланија за да се спречат жртви додека да се локализира пожарот.

Според податоците на Генералната дирекција за шумарство во гаснењето на пожарите учествуваат 14 авиони, 20 хеликоптери и повеќе од 800 луѓе на терен.

 

ИЗДВОЕНИ