Големи попусти на автомобили во Кина, некои чинат само 5.500 евра -строго предупредување за „ценовна војна“ до производителите

1641
Фото:Википедија

Главното автомобилско здружение на Кина остро ги прекори компаниите што поттикнуваат „ценовна војна“, една недела откако кинескиот гигант за електрични возила BYD објави значителни попусти што ги натераа неколку од неговите конкуренти да го следат примерот, пренесува „Бета“.

Кинеското здружение на производители на автомобили (CAAM) предупреди на WeChat дека таквата „жестока“ конкуренција ќе „спречи штетно соперништво“ во секторот.

BYD соопшти дека нуди попусти до 34 проценти на 20 модели. Најевтиниот, „Галеб“, кој има систем за „интелигентно возење“, сега започнува од 55.800 јуани (6.800 евра), што е намалување од 69.800 јуани.

Неколку дена подоцна, кинескиот партнер на Stellantis, Leapmotor Group, објави слични попусти за два модели до 8 јуни.

Потоа во петокот, Geely Auto објави временски ограничени попусти за десет модели, а неговиот X3 Pro сега чини 44.900 јуани (5.500 евра).

ИЗДВОЕНИ