
Поранешната фудбалска ѕвезда, Жерар Делофеу, е надвор од терените речиси три години. Тој доживеа сериозна повреда на коленото на почетокот на 2023 година и неговата кариера веројатно е завршена, бидејќи враќањето на зелениот терен изгледа малку веројатно.
Последно играше за италијанскиот тим Удинезе, беше член на клубот пет години, а неговиот договор со „црно-белите“ заврши ова лето.
Делофеу не играл за клубот речиси две и пол години. Сега е слободен агент и сонува да се врати на теренот, иако повредата на коленото е сериозна.
Во интервју за англиските медиуми, тој истакна дека моментално е блиску до траен инвалидитет затоа што не може правилно да направи ниту еден чекор.
„Ова е многу повеќе од повреда, блиску до траен инвалидитет, како да имам протеза во коленото. Не можам да направам ниту еден чекор затоа што коската се удира во коска и тоа е сериозна работа. Се борам против биологијата и главата. Борбата трае веќе две години, имам среќа што сите од мојот тим се со мене“, изјави Деулофеу за Flashscore.
Иако е буквално инвалид, тој сонува да се врати на теренот.
„Ќе биде тешко, но сакам да напишам историја. Верувам дека можам да станам играчот кој најдолго време отсуствувал од теренот и кој успеал да се врати.“
„Би било величествено за мене. Се молам за чудо и сакам да го направам тоа за моето семејство. Децата се родија знаејќи дека сум фудбалер, сега сакам да ме видат на теренот“, додаде Деулофеу.
Крилниот напаѓач имаше одлична кариера, а ги носеше дресовите на Барселона, Удинезе, Евертон, Севиља, Милан и Вотфорд.
Деулофеу ги помина сите младински селекции на Шпанија, играше четири пати за репрезентацијата А и постигна еден гол.