Големата ѕвезда не е среќна поради трансферот на Рашфорд

1385

Барселона имаше феноменална сезона и освои сè што можеше да се освои во Шпанија. Прво го освои Суперкупот на Шпанија, потоа Купот на кралот, а на крајот, „шлагот на тортата“ беше освојувањето на шпанското првенство.

Во вечното ривалство меѓу Барса и Реал Мадрид, за минатата сезона, нема сомнение кој беше подобар, па Ханси Флик и челниците на каталонскиот клуб можат да бидат многу задоволни.

Германскиот стручњак имаше импресивна дебитантска сезона на клупата на „Блауграна“, а оваа сезона ќе се обиде да го подигне стандардот уште повисоко.

Единственото нешто што ѝ избега на Барселона минатата сезона беше трофејот во Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани од Интер во полуфиналето на ова натпреварување во неверојатен двомеч.

Подготовките за следната сезона веќе започнаа, а еден од главните делови од подготовките е составувањето на играчкиот кадар.

Ханси Флик ќе утврди за време на подготовките на кого може да смета, а на кого не, а дефинитивно ќе има уште неколку трансфери до крајот на преодниот рок.

Еден дојдовен трансфер кој веќе е и официјално потврден е доаѓањето (позајмица со опција за откуп) на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

Иако се уште не е добро запознаен со атмосферата во клубот шпанските медиуми пишуваат дека веќе започнале одредени проблеми поради неговото доаѓање.

Имено, шпанскиот весник „Ел Национал“ пишува дека една од главните ѕвезди на каталонскиот клуб – Роберт Левандовски воопшто не е задоволен од доаѓањето на Англичанецот.

Полјакот верува дека доаѓањето на Рашфорд значително ќе влијае на неговото време на играње во неговата последна сезона во клубот и дека ќе има премногу ротации со него.

Иако Рашфорд е првенствено играч кој ја покрива позицијата лево крило, тој исто така се истакнува во самиот врв на нападот, каде што многумина веруваат дека ќе добие повеќе можности и време за играње во Барса.

Ханси Флик ќе има тешка задача да им угоди на двајцата играчи и да одржи хармонија во соблекувалната, но ако некој може да го направи тоа – тоа е тој.

Рашфорд е познат по своето темпераментно однесување од една страна, но Флик е познат и по својата одлична дисциплина во тимот од друга страна.

ИЗДВОЕНИ