Рускиот тенисер Карен Хачанов даде интересна изјава поврзана со неговите колеги кои се на самиот врв на АТП листата, но интересно е што во „големата тројка“ не го смести Германецот Александар Зверев, кој во моментов е третопласиран на светскиот ранкинг.

Хачанов смета дека убедливо најдобри тенисер на планетата се Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и Јаник Синер, изјавувајќи дека тројцата се „недопирливи“ за конкуренцијата.

Знам дека Саша (Зверев) е трет на АТП листата, но тој е уште далеку од успесите на споменатите тројца. Сите во големата тројка се различни тенисери и имаат различни особини, но мислам дека Новак, Јаник и Карлос во моментов се недопирливи.

Сите сакаме да бидеме како нив и да ги достигнеме најголемите височини. Ѓоковиќ е во поодминати години, но гледате дека со леснотија стигнува до полуфиналињата и финалињата на големите турнири. Тоа е величина и големина“, рече Хачанов, кој моментно е 16. Тенисер на АТП листата.

ИЗДВОЕНИ