Голема журка во Паркот на франкофонијата

20

Во Паркот на франкофонијата во среда, на 27 август, со почетокот од 19 часот, ќе се случува журката на летото.

Станува збор за настан на годината пред почетокот на учебната година, кој го организираат „Паблишер“ и Општина Центар. Ова е еден од низата настани во рамките на „На одмор сум, во Центар сум“, сега со ново издание: „На распуст сум, на журка сум“ 

Според организаторите, целта е со заразните хитови и препознатливиот стил на Young Dadi да се разиграат присутните и фановите, а Стела и Сани со нивните песнички да ја забавуваат помалата публика. Ќе има и аниматор што ќе ја одржува атмосферата полна со смеа.

– Можеш да го исполниш срцето со очекување за многу изненадувања и за многу добри вибрации, зашто ни е во план да го оствариме тоа. Тука се спојуваат сите деца од различни генерации, зашто распустот е распуст за сите и е најнеодоливиот период во годината за сите возрасти. Затоа се погриживме забавата да биде за сечиј вкус. Да го испратиме летото како што заслужува и да го направиме незаборавно – велат организаторите.

ИЗДВОЕНИ